Садик Кан по втор пат избран за градоначалник на Лондон

Лабуристот Садик Кан е реизбран за градоначалник на Лондон, пренесува „Гардијан“.

Садик Кан освои 55,2 проценти, или 1,2 милиони гласови, додека конзервативниот кандидат Шон Бејли доби 44,8 проценти од гласовите, пренесува Гардијан. Ова ќе биде втор мандат на Кан како градоначалник на Лондон.

Кан по победата се огласи на својот профил на Твитер и рече „дека му е чест да му служи на градот што го сака“.

-Ви благодарам Лондон. Апсолутна чест на мојот живот е да му служам на градот што го сакам уште три години. Можна е посветла иднина и ќе ја испорачаме заедно”, напиша Кан.