Околу 20 градежни компании и банки ќе се претстават на саемот „Купи куќа, купи стан“ кој започнува денес во Сити Мол.
На саемот ќе учествуваат 20 градежни компании и банки кои се во проектот и претставници на Министерството за финансии.
Како што е најавено, на саемот ќе се нудат попусти на актуелните цени на становите кои можат да достигнат и до 200 евра по квадратен метар.
Проектот „ Купи куќа, купи стан “ нуди субвенции и до 14.000 евра за купување на нов дом. Досега овој владин проект помогнал на повеќе од 680 семејства да го решат станбеното прашање.
Граѓаните кои сакаат да се информираат повеќе за проектот можат да го посетат саемот од денес, 29-ти октомври до недела – 1-ви ноември.