Саем на книгата од утре до 9 мај во ВИП Арена „Борис Трајковски”

Од утре до 9 мај под слоганот „30 години читаме со задоволство” и за првпат во ВИП Арена „Борис Трајковски“ ќе се одржи Саемот на книгата.

На годинешното 30. издание ќе се претстават околу 70 издавачи од регионот, од кои 49 се од Македонија.

По повод тридеценискиот јубилеј, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен.

На штандовите со книги посетителите ќе можат да најдат изданија од домашни и странски автори, белетристика, стручна и научна литература, енциклопедии, книги за млади и деца, учебници и училишни прирачници, а се најавени и многу промоции и средби со автори.

Саемската манифестација ја организира Скопски саем под покровителство на Министерството за култура.