– Вардарскиот регион не e само ризница на добро препознатливи вкусови, туку е имиџот и надворешната проекција за Македонија со која сите се гордееме. Есенски вргањ, сушен и свеж, месо и сувомеснати деликатеси, кашкавали и сирења со европски признанија за квалитет и секако виното кое се конзумира од Њујорк до Токио, наведуваат организаторите.
Програмата опфаќа средби со производителите и дегустација на деликатеси во текот на целиот ден. Денеска во 18 часот балерини ќе го изведат перформансот балет на грозје – газење на грозје во живо, со што ќе го одбележат почетокот на винската сезона за оваа година. Дегустацијата на нови вина од мали и веќе етаблирани винарии од Тиквешијата започнува од 18 часот. Финалниот подарок за посетителите е предвиден истиот ден во 21 часот кога започнува концертот на една од најпопуларните македoнски џез бендови, групата „Фирс”.
За време на овој дводневен фестивал на вино и деликатеси ќе биде претставена новата винска рута во Тиквешијата која ќе ја збогати понудата на алтернативниот туризам, и опфаќа посета со велосипед на винариите: Тиквеш, Стоби, Попов, Бовин, Попова Кула и здружението Винотек (мали егзотични винарии).
Регионалниот саем на врвни производи од Вардарскиот регион ќе се одржи во просториите на Јавна соба, а влезот е бесплатен.