Саем за кариера во технолошки и старт-ап компании „CareerLaunch“

Саем за започнување кариера во технолошки и старт – ап компании CareerLaunch ќе се одржи денеска и утре во Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, во организација на Summer Work & Travel Alumni Macedonia, во соработка со Младински Инфо Клуб – Скопје.

На саемот 23 иновативни tech и старт – ап компании ќе ги претстават своите можности за кариера и ќе понудат 72 работни позиции.  Целта е поврзување со млади  за да го унапредат својот тим со таленти кои ќе придонесат во реализација на нови идеи, иновативните проекти и нивен целосен развој.

Најмногу можности на CareerLaunch ќе има за програмери. Отворени позиции за работа и пракса има за програмери по Node.js, C++, Dynamics AX, IOS, PHP, Java, RUBY, Javascript, ERP software, ASP.NET и .NET програмери, SharePoint, Scala, Salesforce, Python/Django, Liferay, Apache Cordova, frontend програмери, тест аналитичари, специјалисти за квалитет на софтвер, супервизори на Automated QA Scripts, full stack програмери, и продукт менаџер.
За маркетинг и дизајн како барани позиции се: маркетинг менаџери, интернет маркетери, sales, copywriter, бизнис девелопери, бизнис аналитичари, инструктор за 3Д дизајн и UI/UX дизајнери. За сите ентузијасти за работење во коворкинг простор постои позиција за практикант за градење заедница и социјални настани.
На отворањето на саемот  е најавено обраќање на амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли  и постојаниот координатор во Обединетите Нации и преставник од УНДП за Македонија Луиза Винтон.