Oд денеска до 28 декември во ТЦ Рамстор во Скопје, Министерството за финансии организира саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан”.
На саемот ќе учествуваат Министерството за финансии, банки, градежни и компании поврзани со домувањето.
Во пресрет на новогодишните празници, но и големото извлекување за стан од наградната игра „Фискална во рака, награди без мака”, последните два дена од саемот на 27 и 28 декември ќе се организира целодневна забава со многу награди, бендови, пејачи.
Сите посетители на саемот тие два дена можат да станат добитници на награди доколку со себе понесат 10 пликоа со по 20 фискални сметки за учество во „Фискална во рака, награди без мака”.
Пликоата заедно со шест клучиња што ќе ги соберат од штандовите на саемот ќе можат да ги заменат на лице место за пакет грепки од Државна лотарија, но и да погодуваат на Среќната табла за вредни награди кои ги обезбедија Рамстор и учесниците на саемот.
Сите пликоа кои ќе се донесат во Рамстор ќе учествуваат и наредниот ден, на 29 декември, за извлекување стан, дуќан или автомобил во „Фискална во рака, награди без мака”.
Преку проектот „Купи куќа купи стан“ досега се одобрени близу 400 барања.