Караванот за вработување во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска продолжува во Струмица, каде што ќе се претстават повеќе од 40 компании.
На саемот, како што е најавено, ќе се обрати директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, а излагања и презентации ќе имаат и дел од компаниите учеснички на самот.