SafeJournalists: Поддршка за Украина и украинските новинари/ки

Ние, долупотпишаните организации, се солидаризираме со народот на Украина, но особено со украинските новинари кои сега се на првата линија на големата европска војна, се вели во објавата на организацијата.

„Еднострано го осудуваме насилството и агресијата што ги става во сериозна опасност илјадници наши колеги низ Украина.

Ја повикуваме меѓународната заедница да обезбеди секаква можна помош за оние кои ја преземаат храбрата улога да известуваат од воената зона, која сега е Украина.

Го осудуваме физичкото насилство, сајбер нападите, дезинформациите и сите други оружја што ги користи агресорот против слободниот и демократски украински печат.

Солидарни сме и со независните руски медиуми, кои продолжуваат да известуваат вистинито во невидени услови.

Придружете се на изјавата за поддршка на Украина со потпишување овде.“