Саган победи на втората етапа на Тур де Франс, пак свирежи за Фрум

Словачкиот велосипедист Петер Саган победи на втората етапа на 105-то издание на Тур де Франс, која се возеше денеска со должина од 183 километри од Муерон Сен Жермен до Ла Рош Сер Жон.

Возачот на тимот „Тим Бор Хансгрох“, Саган етапата која се вози на рамно ја помина за 4:06:37 минути, втор беше Италијанецот Сони Колбрели од „Бахреин Мерида“, додека третото место го освои францускиот велосипедист Арно Демар од „Групам“.

Победникот на првата етапа, Фернандо Гавири од Колумбија учествуваше во судир во последната фаза од етапата и не можеше да се приклучи на финалниот спринт па заврши на 28 место.

Британскиот велосипедист Крис Фрум, бранител на титулата кој неодамна беше ослободен од допинг, повторно беше пречекан со свирежи и неодобрување на француската публика и обожаватели. Тој заврши како 31 кој помина низ целната линија.

Во вкупниот пласман, жолтиот маичка ја презема Саган со шест секунди предност над Гавири и десет секунди пред Колбрели.