Шахистите на Алкалоид со убедлив триумф над Вердер Бремен

Екипата на Алкалоид ја забележа третата победа во третиот свој настап на Европскиот клупски куп во шах што се одржува во Порто Карас, Грција.

„Фармацевтите“ во текот на вчерашниот ден ја совладаа германската екипа Вердер од Бремен со резултат 5:1.

По оваа висока победа на Алкалоид останува меѓу главните фаворити за највисок пласман.

Најголеми конкуренти за титулата на Алкалоид му се Одлар Јурду и АВЕ Нови Бор.

Македонскиот шампион има шест бодови (16,5 поени) и е на делба на првата позиција со Одлар Јурду, Обиетиво Рисарцименто, Беер Шева од Израел, Дунајска Среда и Медниј Всадник.

Втората македонска екипа го доживеа првиот пораз, загуби од ДЈК Ауфваертс од Ахен со 4,5:1,5.