Комјутерскиот криминал ја чини глобалната економија 445 милијарди годино, а само оштетувањата на бизнисот од кражба на интелектуална сопственост надминува 150 милијарди, загуби на индивидуалци, според истражувањето објавено во понеделникот, пишува Бизнис Инсајдер, повикувајќи се на податоци од Ројтерс.
Во извештајот од Центарот за стратегистки и меѓуародни студии (ЦСИС) соопшти дека ова е растечка индустрија на која ја оштетува трговијата, конкуретноста и иновативноста.
Конзервативната проценка би била 375 милијарди во загуби, додека максималната проценка би можела да оди до 575 милијарди, се вели во студијата спроведена од софтверската компанија МекАфи.
„Комјутерскиот криминал е данок на иновациите и го успорува темпото на глобални иновации со намалување на стапката на поврат на средствата кај иноваторите и инвеститорите“, рекол Џим Луис од ЦСИС во соопштението.
За развиените земји, сајбер криминалот има сериозни импликации врз вработувањата“
Најголемите светски економии го понесоа товарот на загубите, се заклучува во истражувањето, САД, Кина, Јапонија и Германија проценето е дека имаат загуба од 200 милијарди годишно.
Загубите поврзани со лични информации, како украдеи податоци од кредитни картички, беше проценета на 150 милијарди.
Околу 40 милиони луѓе во САД, грубо околу 15 отсто од популацијата, била мета на напад на комјутерски криминал и им биле украдени податоците, додека од ова биле оштетени 54 милиони луѓе во Турција, 16 милиони во Германија и повеќе од 20 милиони во Кина.
МекАфи, во сопственост на Интел, рекле дека подобрената меѓународна соработка веќе почнува да покажува резултати во намалувањето на комјутерскиот криминал. Пример за тоа беше соборувањето на „Гејмовер Зевс“, кој „инфицираше“ стотици илјади компјутери.
Вреднувањето на интелектуалната сопственост е уметничка форма,а врз основа на проценка на идните приходи од интелектуална сопственост кои таа ќе ги произведува или вредноста на пазарот места на истите, се вели во извештајот. Ставање на цената на таков начин е тешко, но не и невозможно, пишува „Вашингтон пост“.
Во извештајот е наведено дека земјите толерираат загуби од компјутерскиот криминал околу 2 отсто од вкупните национални приходи. Доколку загубите надминат 2 проценти, „претпоставуваме дека би ги засилиле повиците за кација на компаниите и општествата кои го трпат товарот“.
Извештајот третира штети во три категории, без да даде бројки. Најголемата, е кражбата на интелектуална сопственост. Втората категорија е финансискиот криминал, или кражба на кредитни картички и други видови на податоци во голема мера од страна на криминални прстени. Третиот е кражба на доверливи деловни информации да добијат предност во комерцијални преговори или бизнис.
ЦСИС користи неколку методи за да се дојде до проценки. Истражувачите користеле податоци објавени од страна на владите во светот. За потребите наистражувањето биле интервјуирани лица во 17 поголеми земји во светот.