Сакајќи да направи совршено „селфи“ го удрила струја од 25.000 волти

Осумнаесетгодишно момче за влакно се спасил од сигурна смрт, сакајќи да направи совршена селфи фотографија.

М.Н. од Чачак со двајца другари било близу железничката станица, а во еден момент се качил на цистерна со цел да направи совршена селфи фотографија, кога случајно со раката се допрел за жици со висок напон при што го удрила струја од 25.000 волти.

Пријателите веднаш повикале Брза помош, па така момчето било спасено иако има изгореници по телото од втор и трет степен.

Моментално пациентот е во стабилна состојба.