![saklev-zemjodelci-640x355 Шаклев: Дополнителниот заменик-министер нека дојде на мојата фарма да види за што добивам субвенции](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/12/saklev-zemjodelci-640x355.jpg?resize=640%2C355&ssl=1)
Како што стои во дописот, Шаклев го повикува секој што е заинтересиран да дојде кај него, на неговата фарма, и да види за што добил и како ги користи земјоделските субвенции.
– Им стојам на располагање на сите заинтересирани, посебно на дополнителниот заменик-министер и неговите советници, и ги поканувам да дојдат на мојата фарма, да видат за што добивам субвенции. На увид ќе им бидат дадени и сите документи за висината на поддршката и начинот на добивањето, од што ќе се види кој се служи со клевети и невистини и дали е тоа вистинскиот метод за добивање политички поени, вели Шаклев во писмена изјава до медиумите.