Салах Абдеслам излезе од француски затвор за судење во Белгија

Салах Абдеслам, единствениот од преживеаните џихадисти кои ги извршија терористичките напади во Париз на 13-ти ноември 2015 година, во текот на ноќта кон понеделникот го напуштил францускиот затвор за да биде преместен во Белгија каде што ќе му се суди, соопштија извори блиски на предметот.

„Повеќе не е во Флеру-Мероги“, затвор во јужното париско предградие, рекол за агенцијата AFP изворот без да го наведе моментот на заминување, ниту рутата на конвојот кон Белгија.

Конвојот со возилата на француската елитна жандармерија го напуштиле затворот меѓу 3,30 и 4 часот во понеделникот утрото, утврдиле новинарите на агенцијата, но не било можно да бидат идентификувани патниците.

Салех Абделсам првпат ќе се појави во јавноста во понеделникот во Брисел, поради осомниченост за учество во престрелка со полицијаци во март 2016 година во белгиската престолнина.

Овој процес е само претходница на оној во Франција за споменатите напади во коишто беа убиени 130 лица, и кој се очекува да зпочне пред 2020 година. Меѓутоа, е многу исчекуван за да се види дали некогаш ситниот престапник кој се претворил во крвав терорист конечно ќе прозбори, по молкот пред франциските иследници.

Меѓу напаѓачите во Париз беше и братот на Абдеслам, Брахим, кој загина во самоубиствена експлозија пред кафуле во центарот на градот. Француските власти сметаат дека 28-годишниот Салах Абдеслам ја играл клучната улога во организацијата и изведувањето на нападити, но тој досега одбиваше да соработува со истражителите.