
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах го постигна водечкиот погодок на мечот против Тотенхем вториот најбрз гол во финалните натрпевари во Лигата на шампионите.
Египќанецот Салах ги доведе „Редс“ во водство со удар од белата точка по минута и 48 секунди игра.
Рекордот сѐ уште го држи капитенот на Милан, Паоло Малдини, кој во финалето во 2005 година против Ливепрул постигна погодок по 50 секунди од почетокот на дуелот.
Најбрзиот погодок во историјата на Лигата на шампионите го постигна Холанѓанецот Рој Макај во дуелот меѓу минхенски Баерн и мадридски Реал во март 2007 година кој ја затресе мрежата на „Кралевите“ по само 10 секунди од мечот.