Мохамед Салах, 31-годишниот египетски фудбалер, навести дека ќе продолжи да го носи дресот на англискиот великан Ливерпул, чиј член е од 2017 година.
Салах има важечки договор со Ливерпул до јуни следната година, а поради одредени понуди за кои се пишуваше во медиумите, неговата лоша форма во вториот дел од сезоната којашто штотуку заврши, како и заминувањето на тренерот Јирген Клоп, се зборуваше за потенцијалното заминување на напаѓачот од „Енфилд“.
Мохамед Салах, 31-годишниот египетски фудбалер, навести дека ќе продолжи да го носи дресот на Ливерпул, чиј член е од 2017 година.
Салах има валиден договор со Ливерпул до јуни следната година, а поради одредени понуди за кои се пишуваше, неговата лоша форма во вториот дел од сезоната што штотуку заврши, како и заминувањето на тренерот Јирген Клоп, се зборуваше за потенцијалното заминување на напаѓачот од Енфилд.
„Знаеме дека во Ливерпул се бараат само трофеи и ќе направиме сѐ што е возможно тие да се освојуваат и следната сезона во клубот. Нашите навивачи го заслужуваат тоа, а ние играчите ќе се бориме до крај да го оствариме тоа“, изјави Салах преку социјалните мрежи, а со тоа навести дека има намера да остане во Ливерпул, каде што дојде пред седум години од Рома.
Во последниот период од соработката Салах имаше одредени конфликти со тренерот Јирген Клоп, но по повод неговото заминување, Египјанецот имаше порака.
„Беше одлично да се споделат сите моменти, успеси и трофеи со вас во последните седум години“, напиша Салах покрај фотографијата со германскиот стратег.
Салах во Ливерпул одигра вкупно 250 првенствени натпревари и постигна 155 голови. Неговиот тим оваа сезона заврши на третото место во Премиер лигата, а Салах беше доведуван во контекст на евентуална преселба во Саудиска Арабија.
Клоп на клупата на Ливерпул го замени Холанѓанецот Арне Слот.