Фудбалерот на Челзи, кој изминативе шест месеци беше на позајмица во Фиорентина, треба да ги мине лекарските прегледи во текот на денов по што ќе стави потпис на договорот со Рома. Египетскиот репрезентативец ќе потпише едногодишна позајмица, а следното лето Рома ќе има право целосно да го откупи договорот за сума од 23,5 милиони евра.
Салах одигра одлична полусезона во дресот на “виолетовите”, раководството на клубот направи се да го задржи, но сепак офанзивецот сакаше по секоја цена да си замине од Фиренца. Тој се врати во Челзи, но Мурињо воопшто не сметаше на неговите услуги, па така фудбалерот бараше нова средина каде ќе може да игра регуларно секоја недела.
Честопати Интер беше тимот во кој одредени медиуми го сместуваа Салах, но победник од целата оваа мешаница излезе Рома, која успеа да стигне до потписот на овој квалитетен напаѓач.