Египетскиот фудбалер Мохамед Салах би можел да игра во „Барселона“ следната сезона, пишува мадридски „АС“.
Весникот тврди дека претставниците на Египјанинот го понудиле на клубот од Каталонија на неодамнешните состаноци. Не е тајна дека Барселона сака да ја зајакне напаѓачката позиција, особено што уште не е сигурно дали Антоан Гризман од „Атлетико Мадрид“ ќе потпише за Каталонците.
Салах постигна 44 голови за „Ливерпул“, а додаде и 16 асистенции во 52 мечеви во минатата сезона и беше прогласен за најдобар играч на Премиер лигата.
„АС“ тврди дека „Ливерпул“ нема да го ослободи Салах за надомест помал од 100 милиони евра, но и дека ќе биде подготвен да преговара за трансфер во случај да го реализираат трансферот на Набил Фекир од „Лион“.