Најдобар фудбалер во Премиер Лигата минатата сезона, Мохамед Салах се обврза на уште пет години лојалност кон „Ливерпул“. Клубот од Енфилд и Египјанецот потпишаа нов договор, само по една година од соработката во која Салах стана еден од најважните играчи на „Редси“.
Салах во изминатите 12 месеци постигна 44 гола во 52 натпревари, а го предводеше „Ливерпул“ и до финалето на Лигата на шампионите, во кое тимот на Јирген Клоп беше поразен од „Реал Мадрид“.
Оваа постапка на Салах покажува две работи, неговата верба во „Ливерпул“ и нашата верба во него. Сакаме врвните играчи да разберат дека местото им е на Енфилд и дека овде може да ги остварат своите соништа и амбиции. Кога некој како Мо Салах вели дека тука му е домот, тоа зборува само за себе, изјави Клоп.
Според британските медиуми, договорот нема излезна клаузула.