Салернитана се спаси од исфрлање од Серија А

Salernitana�s supporters at the Italian Serie A soccer match US Salernitana vs Juventus FC at the Arechi stadium in Salerno, Italy, 30 November 2021. ANSA/MASSIMO PICA 

Италијанскиот фудбалски прволигаш Салернитана го избегна исфрлањето од лигата бидејќи комисијата ја прифати понудата за купување на клубот на последниот ден од 2021 година потврди во саботата италијанската фудбалска асоцијација FIGC..

Клубот од Салерно имаше рок до петокот вечерта да договори сопственост на клубот, инаку ќе беше исфрлен од лигата, а понудата во последниот момент ја испратил 43-годишниот сопственик на интернет-универзитетот „Pegasus“, Даниеле Иерволино, пренесуваат италијанските медиуми.

За весникот La Gazzetta dello Sport Иерволино изјавил дека ќе стори сѐ клубот да остане во елитната италијанска лига. Прифаќањето на понудата му овозможи на клубот да игра во Серија А следини 45 дена, а за тоа време мора да го заврши договорот.

Клубот минатата сезина се пласираше во Серија А, но се најде во поблеми поради правилата на FIGC, бидејќи Салернитана беше делмно во сопственост на Клаудио Лотито, сопственикот на Лацио. Прописите на FIGC не дозволуваат клубови со иста сопственост да играат во ист ранг на натпреварување.

Така, во Салерно во јуни тргнаа во организирање на продажбата на клубот до 31-ви декември. Во декември побараа нов рок, наведувајќи дека не добиле ниедна добра понудам, но организацијата го одби нивното барање.

Салернитана во тековната сезона е последна 20-та со само две победи и две ремија во 18 натпревари со осум бодови, осум помалку од 17-та позиција која гарантира опстанок во Серија А.