
Досега 78 сали се завршени и пуштени во употреба. Тринаесет се во градба, од кои шест ќе бидат готови во наредните 4-5 месеци, а се подготвуваме за почеток на градба на уште десетина нови спортски сали. За нив се изготвува потребната документација и наскоро ќе почнат да се градат, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Премиерот додаде дека динамиката за изградба се одвива одлично и преку Министерството за образование и наука и преку Агенцијата за млади и спорт која од Владата добила обврска за уште шест сали.