Салихамиџиќ: Баерн нема намера да го купи Кристијано Роналдо

Директорот на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, категорично ги отфрли гласините дека германскиот шампион ќе се обиде да го доведе во своите редови Кристијано Роналдо.

Доцна синоќа одекна „бомбата“ дека баварскиот гигант размислува за ангажман на Роналдо како замена за Роберт Левандовски, но Салихамиџиќ е дециден дека овој мегатрансфер нема да се реализира.

„Една работа да биде јасна, Кристијано Роналдо е играч што многу го почитуваме, врвен фудбалер со извонредна кариера. Сепак, оние информации околу негов трансфер во Баерн не се вистинити. Тоа никогаш нема да се оствари“, порача Салихамиџиќ.