Салихамиџиќ не отфрли нови засилувања во Баерн

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, одби да потврди дали привлекувањето на Филипе Кутињо од Барселона е последниот потег на тимот на трансфер пазарот ова лето.

Минатиот месец германскиот шампион се активираше и освен Бразилецот беа привлечени и Иван Перишиќ од Интер и младиот играч од средниот ред на Борусија Менхенгладбах – Михаел Кузанс.

Како и да е, Салихамиџиќ не сакаше да каже дали ова ќе бидат последните засилувања на Баерн.

„Трансфер прозорецот се затвора на 2 септември и дотогаш сè е можно. Ние не исклучуваме ништо. Можеме да кажеме дека завршивме добра работа на пазарот и веќе имаме доволно широк и способен состав. Лесно е да се работи со таков кадар, сподели спортскиот директор.

Баерн Минхен ја започна сезоната разочарувачки, откако ремизираше 2-2 со Херта Берлин на „Алијанц Арената“.