Салихамиџиќ: Taтко ми нареди-имаме калашников во куќата и пиштоли, пребарајте ја улицата

Легендарниот босански фудбалер Хасан Салихамиџиќ се потсети на детството  во деведесеттите години од минатиот век кога веќе се насетувала граѓанската војна во неговата држава.

„Роден сум во Мостар, каде е познатиот мост. Имав безгрижно детство, татко ми беше полицаец, мајка ми учителка, сакав да бидам фудбалер. Југославија беше функционална земја, добро ни беше, Имав едноставен и среќен живот.Фудбалот почнав да се занимавам на осум години, татко ми беше мојот прв тренер, играше во втора лига.Играв за јуниорските тимови на Југославија и по натпреварот морав да си одам дома, но немаше летови од Белград за Сараево Се враќав со автомобил и сфатив дека ситуацијата е сериозна.

На лице место ја насетувал војната.

„Имаше воена линија на околу 10 километри од мојата куќа, по два месеци дојде татко ми и рече „имаме калашников во куќата и пиштоли, земете ги и пребарајте два дела од улицата“, ми рече да ја земам мајка ми. а сестрата да се обиде да побегне.Кога имаш калашников под креветот на 15 години тоа не е нормално“