Русија би можела да ја нападне Украина следните денови или седмици, но сѐ уште би можела да се реши за дипломатскиот пат наместо за инвазија, изјави во неделата Џејк Саливан, советникот на Белата куќа за национална безбедност, посочувајќи на низа опции на коишто би се решила Москва, како и дека евентуалниот напад би значел крај за гасоводот Северен тек 2.
„Русија секој ден би можела да преземе воена акција против Украина, или би можеле да минат неколку седмици, или Русија наместо тоа би можела да се реши да тргне по патот на дипломатијата“, рече Саливан кој во неделата даде низа телевизиски интервјуа за емисијата „Fox News Sunday“.
Според двајца американски функционери кои се повикуваат на разузнавачки инфорарации, Русија поставила на 70 отсто од борбените сили кои ги смета потребни за целосна инвазија и испраќа уште баталјони, тактички групи на границата со Украина. Доколку Москва, сепак, се реши за напад од целосни размери, руските војници би можело да ја заземат украинската престолнина Киев и да го соборат претседателот Владимир Зеленски во рок од 48 часа, процениле американските разузнавачки.
Потенцијалнаата руска операција би можела да вклучува анексија на источниот украински регион Донбас, доминантно населен со руско и рускојазично население, кибернетички напади или сеопфатна инвазија врз соседната земја, рече Саливан во емисијата „Meet the Press“ на телевизиската мрежа NBC News, додавајќи дека Русија би можела да дејствува веќе во понеделник но и дека би можело да минат седмици.
„Дејствијата на Русија може да имаат многу форми, вклучително и можноста да ги анектира окупираните теротирии во источна Украина, познати како Донбас. Или може да преземе бројни хибридни операции, кои вклучуваат кибернетички напади, политичка дестабилизација (…) или да започне сеопфатна инвазија“, тврди Саливан.
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден истакна дека последните месеци САД и нивните сојузници работата на подготовка за сите можни сценарија.
„Уверени сме дека (со нашите сојузници) имаме исто мислење кога станува збор за сериозните екононмски последици (за Русија) и други форми на притисок кои ќе ги примениме како одговор на какви и да се акции на Русија кои ќе претставуваат агресија и ескалација на односите против Украина“, додаде Саливан.
Повтори и за NBC News дека ситауцијата околу Украина во моментов е во „рамка во кога може да се случи нешто“, како и дека „ескалација и инвазија може да се случат во секој момент“.
„Се наоѓаме во рамката кога сешто може да се случи. Воена ескалација или сеопфатна инвазија на Украина можат да се случат во секој момент. Сметаме дека Русија формирала капацитети за голема воена операција“, изјави Саливан.
„Ние напорно работевме подготвувајќи одговор. Претседателот Бајден ги сплоти нашите сојузници, ги зајакна и ги поддржи нашите сојузници на источното крило на НАТО. Обезбедни материјална поддршка за Украина, ѝ понуди на Русија дипломатско решение доколку го претпочитаат. Во секој случај ние сме подготвени. Нашите сојузници се подготвени и се обидуваме да му помогнеме на украинскиот народ да се подготви“, уверува Саливан.
Истакна дека САД немаат намера да разговараат со Русија за политиката на „отворени врати“ на НАТО.
„Не сме подготвени да разговараме за основните безбедносни принципи, вклучителни и политиката на отворени врати на НАТО“, порача претставникот на Белата куќа.
Русија тврди дека не планира инвазија врз Украина, туку предупредува на обидот на Киев воено да го решава конфликтот во Донбас. Покрај тоа, Москва рече дека нејзина „црвена линија“ е непроширувањето на НАТО кон руските граници и особено непримањето на Украина во членство на Алијансата и за тоа бара правно обрзувачки договор, што Вашингтон и Брисел го отфрлија како неприфатливо.
„Ако Русија ја нападне Украина, на овој или друг начин Северен тек 2 нема да проработи и Русија сфаќа дека сме координиран со нашите сојузници“, уверува Саливан.
Но запрашан дали германскиот канцелар Олаф Шолц јавно ќе ја вети таквата мерка во текот на својата прва посета на Вашингтон во понеделники, Саливан рече „Ќе го пуштем германскиот канцелар да зборува во свое име“.
Соменавањата во врска со трансатлантскиот сојуз се појавија делумно и поради приврзаноста на Берлин на проектот за гасот Северен тек 2 со Русија кој го очекува конечното одобрување од германскиот регулатор. Покрај тоа, новата влада во Германија неодамна одби да ѝ испорача оружје на Украина, како и да дозволи транспорт на оружје преку нејзина територија.