Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, за време на посетата на Киев во средата рече дека големиот пакет помош од САД блокиран од републиканците со месеци „ќе стигне до Украина“ и вети дека поддршката на Вашингтон ќе продолжи.
Виталната американска помош за Украина е заглавена во Конгресот од крајот на минатата година, поради одбивањето на демократите на претседателот Џо Бајен во буџетот за издвојувањето за воена помош на Украина, Израел и Тајван да влучант и средства за зајакнување на порозната граница на САД со Мексико којашто изминатите четири години нелегално ја минаа милиони мигранти главно од Латинска Америка, што е главното барање на републиканците.
„Од наша перспектива, ние сме уверени дека ќе го направиме тоа. Оваа помош ќе стигне до Украина“, рече Саливан на заедничката прес-конференција по состанокот со шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Ермак.
Саливан не даде временска рамка, но рече дека нема потреба да се зборува за „план Б“.
„Уверен сум дека ќе го постигнеме планот А. Ќе добиеме силна двопартиска поддршка во Претставничкиот дом за пакетот помош за Украина“, рече тој, истакнувајќи дека процесот „веќе трае премногу долго“.
Ермак рече дека разговарале за актуелните потреби на Украина на бојното поле, за самитот на НАТО во Вашингтон во јули и за мировниот самит во Швајцарија што Киев сака да го одржи оваа пролет. Украина не планира да се согласи со оранизаторите на таа конференција да присуствува и Русија.
Ермак на прес-конференцијата рече дека верува оти Кина, чиј претставник ги посети европските престолнини, вклучувајќи ги Киев и Москва овој месец, може да учествува на состанокот на самитот. Кина е клучен сојузник на Русија со која има силни економски врски и воени врски, а нејзиното учество на досегашните вакви моровни конферении на кои учестуваат главно сојузници на САД не може да се смета за дипломатска победа за Украина