Матео Салвини, челникот на суверенистичката десничарка партија Лига, се чини привремено се откажа од барањата за оставка од владата, и предложи сите главни партии заедно да работата на големите проблеми на Италија.
Ваквиот пресврт на Салвини, чијашто партија според рејтингот на најсилната политичка сила во Италија, ги изненади многумина, а некои го интерпретираа како знак дека ги губи надежите дака коалицијата составена од порано антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) и левата Демократска партија, би можела наскоро да се распадне.
„Да седнеме на масата и да најдеме договор за петте приоритети на оваа земја: штедењето, политиката на раст, правосудството, инфраструктурата и здравството, пред да биде предоцна, а потоа можеме да ги одржиме изборите“, напиша Салвини на Twitter.
Во август поради големиот рејтинг Салвини ја напушти владата со Движењето пет ѕвезди, во која беше вицепремиер и министер за внатрешни работи, но не успеа да издејствува предвремени избори на коишто според анкетите поединечно ќе освоеше најмногу мандати.
Меѓутоа, Движењето пет ѕвезди кое првично беше посилниот партнер во коалицијата со Лига, ги напушти своите изворни принципи и коалицираше со Демократската партија, додека на чело на владата остана непартискиот премеир Џузепе Конте, како предлог на М5Ѕ.
Во интервјуто за телевизијата Canale 5, Салвини додаде деа е потребно да се постигне дововор и за новиот изборен законик пред изборите, и рече дека Лига не бара позиција во владата во текот на спроведувањето на реформите.
Лига, според истражувањата на јавното мнение и покрај падот на поддршката во последниот период, и натаму е најсилната партија во Италија, со поддршка од 30 отсто од гласачите.
Граѓанскотоактивистичко и пролево движење „Сардини“, кое пред еден месец е формирано како директна опозиција на Салвини, според медиумите бележи раст. Како поткрепа на тоа се посочува саботниот митинг на движењето во Рим на кое имало „десетици илјади луѓе“.
Според аналитичарите, бидејќи приливот на илегалните имигранти во Италија опаѓа поради наводниот успех на владата да разместува повеќе мигранти во другите членки на ЕУ, Салвини потешко ја користи оваа тема за да ја добие поддршката од избирачите.
Главниот сојузник на Салвини, крајно десната партија Италијански браќа, не го прифати добро повикот на лидерот на Лига за формирање „национален комитет за спас“. „Тоа е несфатлив предлог“, рече челничката на партија Џорџиа Мелони во интервју за миланскиот дневен весник Corriere della Serra во понеделникот.