Италијанскиот министер за надворешни работи Матео Салвини, сепак, во саботата доцна ноќта порача дека имигрантите кои се на бродот „Diciotti“ кој од понеделникот пристана во Катанија на Сицилија, ќе може да се истоварат на италијанска територија „во следните неколку часа“.
„Мигрантите од Diciotti ќе се истоварат во следните неколку часа. За голем дел од имигрантите ќе се погрижи италијанската црква и бискупите кои ги отворија своите врати, своите срца и своите паричници“, изјави министерот за внатрешни работи Матео Салвини од северот на Италија каде што во саботата одржуваше политички собири на неговата крајно десна евроскпетична и антидоселеничка партија Лига.
Малку претходно пред изјвата на Салвини, Албанија, којашто не е членка на Европската унија, и Ирска, објавија дека ќе примат по 22 имигранти од овој брод.
Дванаесет од повеќе од 150 имирганти веќе во саботата доцна попладнето се симнаа од „Diciotti“, бродот на италијанската крајбрежна стража кој ги собра од средоземноморските води пред десетина дена. Здравствените власти во Катанија прво одобрија поради дравствената состојба истоварување на 17 луѓе, 11 жени и 6 мажи, за кои постоеше сомневање дека можеби се заразени со туберколоза. Тие претпладнето се качија на бродот за да го проверат здравјето на имигрантите.
Во меѓувреме, во Женева Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (UNHCR) во саботата упати „повик до земјите од Европската унија што поскоро да им понудат сместување“ на имигрантите од бродот „Дичоти“.
Италијанското правосудство, пак, отвори истрага против министерот за внатрешни работи Матео Салвини поради „противправно задржување луѓе, илегални апсења и злоупотреба на власта“ во врска со имигрантите на бродот „Diciotti“, пренесуваат во саботата италијанските медиуми, на што Салвини одговори дека не се плаши и оти ќе ги продолжи своите политики бидејќи ја има поддршката на мнозинството Италијанци.