Со најновата фабрика од групацијата „Маркарт“, компанија која истовремено слави 90 години постоење, всушност се внесени најмодерни техники на производство на комплицирани автомобилски делови во Македонија.
Ова меѓу другото го посочува министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, кој воедно го предводеше преговарачкиот тим кој ја донесе инвестицијата во Македонија.
Според Самак, придобивките кои ќе ги добие македонскиот пазар со стартот на работата на германскиот гигант од индустријата за производство на автомобилски делови- „Маркарт“ се повеќекратни. Зголемено знаење, зголемен извоз и влез во модерна електромеханичка производствена технологија.
Со „Маркарт“се внесени најмодерни техники на производство
„Маркарт“ ја зајакнува својата пазарна позиција преку глобалните иноватори- фабриките во кои работат 6.500 луѓе. Во преговарачкиот тим кој ја донесе инвестицијата во Македонија, беше предводен од министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак. Според него, модерните технологии со кои работи компанијата, бараат доста високо ниво на квалитет и знаење, а германскиот инвеститор тоа и го пронајде на македонскиот пазар.
Со оваа најнова фабрика од групацијата „Маркарт“, компанија која истовремено слави 90 години постоење, всушност се внесени најмодерни техники на производство на комплицирани автомобилски делови. Тоа се електромеханички склопки, делови кои се дел од инструмент таблите. За да се произведат овие делови, вклучени се неколку линии на производство- пластични делови и компоненти, електроника која има врвни карактеристики во оваа фабрика и исто така финално склопување со тестирање. Сите модерни техники кои се внесени бараат доста високо ниво на квалитет и знаење. Тоа е она што тие го детектираа во досегашните 120 вработени во оваа фабрика, а се очекува до крајот на идната година, бројката да достигне до 400. Оттука прво ќе имаме зголемено знаење, зголемен извоз, а и влез во модерна електромеханичка производствена технологија, изјави министерот Самак во разговор за МРТ.
Странските инвестиции досега отворија 20.000 работни места
Проектите кои министерот Самак и неговиот Кабинет ги имаат реализирано, придонесоа на македонскиот пазар да се отворат 12.000 нови работни места, додека вкупно странските инвестиции отвориле 20.000 работни места.
Министерот Самак вели дека само од последните проекти донеле 600 милиони нето додадена вредност во бруто домашниот приход и над 100 милиони евра бизнис, односно трговија со домашните фирми.
Тоа е директниот ефект кој се слева во домашната економија, само од овие неколку 8-9 фирми со кои сме работеле, нагласува Самак.