Наспроти ова, еве како манипулираа опозициските медиуми.
Слободен Печат излезе со наслов Груевски ќе предаде должност кај Бајден па кај комесарот Хан.
МКД мк напиша дека средбата е неочекувана и итна, иако демантот стигна од американската страна дека средбата не е неочекувана туку доаѓа на иницијатива на Груевски.
Американската амбасада со шамар и за Дојче Веле на македонски јазик кој тврдеше дека средбата е можеби поради катил ферманот до власта на Груевски или изразување на условена подршка, што се покажа за апсолутно неточно.
Тонч доживеа и пуленот на СДСМ, Фрчковски кој манипулираше дека средбата Груевски Бајден е на иницијатива на Американците со цел наводно да се осигурале дали ќе си поднесе оставка, што повторно се покажа како погрешна информација.
Ова е и врел шамар за порталот на Бранко Геровски Плус инфо, кој шпекулираше дека Груевски бил сардисан од сите страни и дека средбата со Бајден била во низата средби за диспилинирање на Груевски.