Спортскиот директор на актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн Минхен, Матиас Самер е убеден дека холандскиот интернационалец Ариен Робен е на исто ниво со најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
“Според мене, Робен е на исто ниво со најдобрите фудбалер на денешницата Лионел Меси и Кристијано Роналдо. На исто ниво е и со репрезентативецот на Бразил, Неимар. Робен заслужува максимален респект поради се тоа што го направи во изминатата и актуелната сезона, особено во најважните натпревари. Фудбалер од светска класа, вистински професионалец и е од голема важност за Баерн Минхен. Има статус на недопирлив, статус на филмска или рок ѕвезда”, изјави спортскиот директор на баварскиот гигант.