![images](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/images.jpg?resize=259%2C194&ssl=1)
Самитот на челниците на земјите членки на Европската унија во понеделникот влезе во четвртоит ден, а договорот за седумгодишниот буџет и за фондот за закрепнување на националните економии сѐ уште не е на повидок, па за 16 часот е закажано продолжението.
Во неделата самиот целиот ден се одвиваше во помали групи, а пленарното заседавање беше одложувано целото попладне. Челниците на ЕУ конечно се собраа во полн состав на работната вечера која започна во 19,20 часот и траеше до 23,30 часот.
Тогаш претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, одреди 45-минутна пауза, за да одржи неколку состаноци со поедини челници, но тие 45 минути се протегаа низ целата ноќ. Малку пред 6 часот утрото во понеделникот, челниците накусо повторно се собраа, а Мишел го закажа продолжението за понеделник во 16 часот.
Преговорите на челниците на ЕУ, кои вече четврти ден се обидуваат да го договорат седумгодишниот буџет на Унијата и фондот за закрепнување, запнаа околу износот за неповратните средства за економското заздравување од коронакризата.
Четирите ткн „штедливи“ земји: Холандија, Данска, Шведска и Австрија, како што за медиумите велат дипломатски извори, бараат тнк инструмент на ЕУ на следната генерација да се скастри на 700 милијарди евра од предложените 750 милијарди евра, при што 350 милијарди би се доделувале како неповратни средства, а иста сума би биле заеми.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави утрово дека разговорите на самитот на ЕУ во Брисел биле тешки, но е задоволен од напредокот.
„Тешките преговори завршија и можеме да бидеме многу задоволни од резултатот. Продолжуваме попладне, напиша Курц на Twitter по маратонскиот самит.
Холандскиот премиер Марк Руте, исто така, истакна дека лидерите на ЕУ напредувале кон постигнување договор околу планот за оживување на економијата, но предупреди дека преговорите би можеле да завршат без успех.
„Синоќа тоа не изгледаше добро, меѓутоа чувствувам дека во целост напредуваме, изјави Руте пред новинарите во Брисел.
Според првичните планови, соодносот би требало да биде два наспроти еден, односо 500 милијарди евра неповратна помош, и 250 милијарди евра во кредити.
Челниците на ЕУ, исто така, се обидуваат да го договорат сеопфатниот пакет во износ од 1.800 милијарди евра, кој го вклучува седумгодишниот буџето од 1.074 милијарди евра и инструментот за закрепнување од 750 милијарди евра, од кои поголемиот дел бил бил неповраен а другиот како заем.