Челниците на земјите членки на Европската унија не успеаја во петокот да се усолгасат околу текстот со заклучоците за миграциите поради противењето на Унгарија и Полска и наместо тоа текстот е објавен како изјава на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Полска и Унгарика, кои не биле согласни со текстот од заедничката изјва, биле незадоволни со предлогот за прашањето за миграциите да се одлучува со квалификувано, односно просто мнозинство и бараат за тоа да се решава со конзензус, што не е предвидено со правилата на ЕУ, според изјавите на некои од челниците кои учествуваа на дводневниот самит.
Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ на 8-ми јуни на состанокот во Луксембург изгласаа зедничка позиција за Уредбата за управување со азилот и миграцииите и за Уредбата за постапките на азилот, двата клучни дела од ткн пактот за мигациите и азилот за што земјите членко со години безуспешно преговараат. Тогаш тоа беше изгласано со квалификувано мнозинство, а Полска и Унгарија гласаа против.
Двете земји од ткн Вишеградска група бараа во заклучоците на Европскиот совет, највисокото политичко тело на ЕУ, тоа да го променат и да воведста за тоа да се одлучува со консензус, со што би било доведено во прашање изгласувањето на заедничкиот став. Со тоа ништо не се менува и следните две ротирачки претседателствувања, на Шпанија и на Белгија, ќе настојуваат врз основа на тој став да постигнат договор со Европскиот парламент за конечниот текст на овие зкони до изборите за парламентот пролетта следната година.
Унгарија и Полска се противат на заедничкиот ставв кој министрите за внатрешни работи го изгласаа со квалификувано мнозинство според кое се воведува принципот на „обврзувачка солидарност“.
Тој став предвидува построга постапка за добивање азил на надворешните граници на ЕУ за оние мигранти кои немаат право на меѓународна заштита и нивно враќање во земјите на потеклото или на транзитот на територијата на Унијата. Според овој став, исто така, секоја земја членка би морача да прими одреден број мигранти годишно или доколку тоа не го сака во заедничкиот фонд да уплати за секој одбиен мигрант.
Со прифаќањето на тие закони, Унгарија и Полска, чиишто конзевативни суверенистички влади се залагаат за поостра мигрантска политика на ЕУ, би биле обврзани да ги спроведуваат.