Самитот на НАТО на 14-ти јуни во Брисел

Средбата на врвот на челниците на земјите членки на НАТО че се одржи на 14-ти јуни во седиштетот во Брисел, објави во четвртокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

На овој состанокот ќе бидат донесени важни одлуки за програмата на НАТО до 2030 година „за да можеме да се носиме со предизвиците на денешнината и скората иднина: агресивните руски акции, заканата со тероризам, кибернетичките напади, новите и нарушителни тенологии, безбедносното влијание на климатските промени и подемот на Кина“, истакнува Столтнберг во соопштението за јавноста.

На последниот самит на НАТО, кој се одржа во декември 2019 година во Лондон, челниците на државите члнеки го повикаа генералниот секретар да го започен процесот за размислувања за иднината и прилагодувањето на пактот кон новите безбедносни предизвици.

Ова ќе биде првиот самит на Алијансата на кој ќе учествува новиот американски претседател Џо Бајден, откако неговиот претходник Доналд Трамп ги доведе до крајна напнатост односите со сојузниците критикувајќи дека воопшто не вложуваат во својата одбрана за којашто плаќаат САД а тие водат самостојни политики, вклучително и он Русија и Кина. Покрај Трамп за кого НАТО е застарена организација, своевремено тензии предизвика изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој пред две години дијагностицираше „мозочна смрт“ на овој воен сојуз на 30 земји.