Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун би требало повторно да се сретнат Нова година, изјави во четвртокот американскиот потпретседател Мајк Пенс, и истакна дека неговата влада нема да ја направи грешката со прифаќање на „прекршените ветувања“.
„Мислиме дека самитот ќе се одржи по 1-ви јануари, но мораме уште да одрадиме кога и каде“, изјави Пенс во Сингапур на маргините од годишниот самит на Сојузот на земјите од југоисточна Азија (ASEAN).
Двајцата челници го одржаа оваа години историскиот самит во Сингапур, што резултираше со постигнување договор за нуклеарното разоружување, но за што не цврсто не се утврдени условите.
По состанокот во Сингапур, Северна Кореја се откажа од нуклеарните и балистички тестирања и ги отстрани посторјките за испитување проектили и вети дека ќе го отстрани главниот нуклеарен комплекс, доколку САД направат отстапки во поглед на своето воено присуство во соседна Јужна Кореја и олабавување на санкциите.
Меѓутоа, напредувањето е бавно и двете држави меѓусебно се обвниуваат за неисполнувањето на ветувањата.
Трамп најави дека вториот состанок на врвот со Ким ќе го одржи во 2019 година, но во меѓувреме беше одложена минатата седмица подготвителниот состанок на шефот на американската дипломатија Мајк Помпео и Ким Јонг Чол, советникот на севернокорејскиот водач. Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли изјави дека подготвителниот состано во Њујорк е одложен бидејќи Северна Кореја рекла дека „не е подготвена“.
Пенс во Сингапур исистирапе на тоа дека ќе се одржи вториот самит меѓу Трамп и Ким.
„Но не сакаме да ги повториме грешките на претходните владии… кога се дадени ветувања, санкциите се укинати, економската помош пристигнуваше, а потоа ветувањата беа прекршени“, предупреди Пенс.
„