Само 0,01 процент од Американците заболеле од корона откако се вакцинирале

Само 0,01 процент од Американците биле повторно инфицирани по целосна имунизација против ковид-19 во периодот јануари-април.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, во студијата биле опфатени 101 милиони луѓе подложени на целосен курс на вакцинација помеѓу 1 јануари и 30 април – 10.262 инфекции се пријавени во рок од две недели по приемот на втората вакцина, или на првата со вакцини на „Фајзер“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

Меѓу споменатите заразени, 6.446 или 64 отсто од случаите се регистрирани кај жени, а просечната возраст на пациентите е 58 години. Без симптоми биле 2.725 луѓе. Седумстотини и шест пациенти биле хоспитализирани, а 132 починале од причини поврзани со ковид-19.

Генерално, бројките се: 0,01 отсто од целосно вакцинираните лица биле повторно инфицирани, 0,0007 отсто биле хоспитализирани и 0,0001 отсто починале.