Само 62 Бугари се пријавиле за гласање на избирачките места во Македонија

Само 62 бугарски државјани се пријавиле за гласање, односно 1.8 проценти од вкупните 3504 граѓани кои се декларирале како Бугари на последниот попис. Се гласа во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица и Кавадарци.

Најмногу пријавени гласачи има во Прилеп – 45, во бугарската амбасада во Скопје се пријавиле 10, во Генералниот конзулат во Битола петмина, во Струмица и Кавадарци по еден гласач, а во Охрид не се пријавил ниту еден.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски за Канал 5 појаснува дека ваквите бројки на излезност треба на бидат јасен сигнал за Софија, а истовремено и голем наш аргумент пред Брисел. Тие 120.000 пасоши кои ги дала Софија, со кои мавтаат нивниот претседател и нивните министри, се економски баратели.

Интересот за гласање кај бугарските државјани во земјава константно опаѓаше и во изминатите циклуси. На изборите одржани во јуни во Бугарија, за гласање во земјава беа пријавени 120 бугарски државјани, на априлските пред две години 163, додека пак во октомври истата година имало најмногу, 181 граѓанин.