![praga](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/praga.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Само четири до пет проценти од Чесите стекнале имунитет на новиот коронавирус, соопшти чешкото Министерство за здравство.
Министерството истакна дека имунитетот на новиот коронавирус во земјата се гради многу бавно и оти досега го стекнале не повеќе од 4 до 5 проценти од населението.
Прелиминарните податоци доаѓаат од масовно тестирање на антитела што започна во април.
Во Чешка од почетокот на епидемијата се заразени 7.896 лица, а починаа 257 луѓе.