
Само две третини од Французите подговтени да гласаат на 23 април на првиот круг на претседателските избори, покажуваат последните испитувања на јавото мислење, јавува дописникот на МИА од Париз.
Резултатите од испитувањата на јавното мислење за намерите на гласачите во однос на канидатот на „Непокорна Франција“, Жан Лук Меланшон потврдуваат дека се создава преседан во француските претседатеслки избори, само една недела пред крајот на официјалната кампања.
Според испитувањето на јавното мислење направено од Ипсос-Сопора Стериа за париски „Ле Монд“, Жан Лук Меланшон сега доби пддршка од 20 отсто, пред Франсоа Фијон, кој ја има поддршката на 19 отсто, но зад Марин Ле Пен од Националниот Фронт со 22 отсто и Емануел Макрон исто така со 22 отсто.
Рејтингот на кандидатот на социјалистите Беноа Хамон падна на само 7,5 отсто, што само го потврдува напредокот на Меланшон.
Ваквата ситуација и со оглед на можните грешки при испитувањата на јавното мислење најавува неизвесни избори во кои сите четворица кандидати од вкупно единаесете, Макрон, Ле Пен, Фијон и Меланшон имаат шанса да се најадат во вториот круг.