„Само што го оженивме, а сега животот му виси на конец“

Еден од повредените во експлозијата во фабриката за пиротехника во Сопиште е и дваесет и седумгодишниот Далибор кој неодамна се оженил.

Најблиските на Далибор се скршени од болка и велат дека се уште се во шок.

– Сè уште сме во шок. Нашиот син е тешко повреден во експлозијата во фабриката во Сопиште и се молиме да преживее. Лекарите ни велат дека следните 48 часа се критични. Ни останува да чекаме и да се надеваме, но тој е силен и мора да успее. Со овие зборови и со солзи во очите вчера не дочека Никола K., татко на Далибор K. раскажа за големата несреќа, пишува Дневник.

– Никој не дошол да ги посети повредените, ниту да ги посети родителите на повредените. Можеби ќе дојдат подоцна, но тоа досега требаше да го сторат. Далибор во фабриката работеше од октомври и с` уште беше чирак – вели таткото.

Мајката на Далибор не можеше да се воздржи и постојано плачеше.

– Пред неколку месеци правевме свадба, го оженивме Далибор. На празников му се молам на свети Арангел да ни помогне и да се спаси нашето дете – плачејќи вели мајката на Далибор.