![tetovo fabrika kovacevski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/tetovo-fabrika-kovacevski.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Поради несолвентност на компанијата „мајка“ се запира извршувањето на Договорот за доделување на државна помош со компанијата „е.ГО“ и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства, информираат од Дирекцијата за ТИРЗ.
-Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.
-За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации, посочуваат од Дирекција за ТИРЗ.
Компанијата „е.ГО“ требаше да гради фабрика за електрични возила во технолошко-индустриската зона во Тетово.