Само три билетарници на ЈСП ќе бидат отворени во сабота

Автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници во сабота на 8 Септември- Денот на независноста ќе сообраќаат по неделен возен ред. Поради државниот празник, информираат од ЈСП, ќе работат само три билетарници.

Дежурни со работно време од 7 до 19 часот ќе бидат билетарницитре на Зелен пазар и Транспортен центар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров, соопшти ЈСП.

Од Јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје информираат исто така дека веќе од 1 септември автобусите од јавниот превоз сообраќаат по зимскиот возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патниците во Скопје.