Само трошки за тутунарите од петтиот пакет антикризни мерки

Помошта за тутнарите во петиот пакет мерки е понижувачака. Владата денес го објави долгоочекуваниот петти пакет мерки помош за граѓаните меѓу кои и мерката помош за тутнарите. Со петтиот пакет економски мерки, ќе бидат опфатени и тутунарите, за кои ќе се издвојат 307,5 милиони денари.

Тутунарите сметаат дека со ова нема да им се надомести штетата од 60-90 денари и уште еднаш апелираа да се зголеми откупната цена како што беше ветено, односно од 165 на 180 денари.

Премиерот, Зоран Заев на прес конференција посочи дека тутунарите се погодена гранка од пандемијата и поради тоа Министерот за земјоделство, заменикот и нивните екипи пронајдоа начин како да им се помогне.

„Оваа мерка е за да ги спречиме последиците од ограничувањата во превозот и трговијата, како и од падот на потрошувачката на тутунски преработки на светско ниво“, посочи Заев.

Ресорниот министер, Арјанит Хоџа, пред два дена се сретна со производителите на тутун и со откупувачите. Договорија рокот за откупот на тутунот да се пролонгира до 31 март, наместо да заврши овој месец. Во однос на поддршката од петтиот пакет, Хоџа информира дека начинот на кој ќе се распределува дополнително ќе биде договорен.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак смета дека 20.000 семејства кои егзистираат од тутунот се буквално понижени со само 10 денари помош која не се знае кој ќе ја добие и покрај тоа што оваа година има убедливо најниска цена од 120 до 140.

Мицкоски се осврна и на помошта за тутунарите за која вели дека е понижувачка затоа што 20.000 семејства кои егзистираат од тутунот се буквално понижени со само 10 денари помош која не се знае кој ќе ја добие и покрај тоа што оваа година има убедливо најниска цена од 120 до 140 денари и историски најслабото оценување на класата на тутунот незапаметено од 2005 до денеска.

„Не го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за субвенцијата која изнесуваше едно евро за килограм тутун, ниту предлогот веднаш да биде укинат делот од законот кајшто се дозволува увоз на тутун се додека не биде продаден тутунот на македонските тутунари, и денеска дополнително ги навредуваат со тоа што на секој еден ќе дадат поддршка од 10 денари, а министерот дава изјава дека не знае по кој критериум ќе бидат делени овие пари. Повеќе од 20.000 семејства се прехрануваат од тутунот“, вели Мицкоски.