Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи на претстојното Европско првенство, на кое пласман обезбеди и македонската репрезентација, право на настап да имаат само ракометари, кои се вакцинирани против коронавирус или го прележале вирусот.
„ЕХФ одлучи дека само вакцинирани ракометари или тие кои имаат сертификат дека прележале коронавирус, ќе можат да настапат на ЕУРО 2022. Ќе има и контрола и на секои два дена ќе се прават ПЦР тестови на сите учесници на завршниот турнир“, изјави во петокот генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер.
Додаве дека ел на овие мерки е „да имаме безбедно ЕУРО 2022“.
Европското првенство ќе се одржи во јануари во Унгарија и Словачка, а македонската репрезентација е во групата A. која ќе се игра во Дебрецин, заедно со Словенија, Црна Гора и Данска.