Само вчера во Скопје полицијата напишала 151 казна

Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на преземени мерки и активности во текот на изминатиот ден има издадено 151 мандатен платен налог. Констатирано е дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од СВР Скопје информираат дека исклучени од сообраќај биле 11 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци.