Само во Центар во изминатото деноноќие изречени 105 санкции

Само во изминатото деноноќие, Министерството за внатрешни работи преку своите акциски контроли, на територијата на општината Центар изрекле 105 мерки, од кои 5 за управување без возачка дозвола, 4 за неиправни и нерегистрирани возила, а 10 за управување со возило во алкохолизирана состојба.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.