Само во Скопје за 24 часа казнет 461 возач

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, само на територијата на град Скопје изрече вкупно 461 мерка.

Како што информираа од МВР, за возење без возачка дозвола изречени се 60 санкции, 38 за нерегистрирани возила, 19 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 26 за користење на мобилен телефон. Изречени се 13 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 24 за управување под дејство на алкохол, 29 мерки за непрописно паркирани возила и 22 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, потенцираат, продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.