Тендерашот Кочо Анѓушев денес излезе со нови лаги и отворено манипулираше. Кога вицперемиерот Кочо Анѓушев говори за водоводи и канализации, прашуваме колку километри водовод и канализациска мрежа би можела да се изгради со 420 милиони евра пари на граѓаните коишто владејачката СДСМ ги потроши за помалку од четири месеци, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата вицепремиерот за економски прашања.
Од партијата прашуваат дополнително и колку проекти можеа да се изградат со 2,6 милиони евра колку што фирмата на Анѓушев требаше да заработо од тедерот во ЕЛЕМ, кој во меѓувреме е одложен.
„Анѓушев денеска соопшти лажни бројки. Само во Скопје во последниот мандат на градоначалникот Коце Трајановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изградени се 176 водоводни и канализациони мрежи во должина од 57 километри. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ само во последниот мандат изградија или заменија над 700 км водоводни и канализациони мрежи. Кочо Анѓушев работи за тендери, а не за интересите на граѓаните. Токму поради тоа оваа неспособна влада предводена од СДС ќе биде казнета за своето расипничко работење“, стои во партиската реакција.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека казната ќе стигна на 15-ти октомври кога граѓаните ќе гласаат за километри и километри водовод и канализациони мрежи, а не за тендерите на Анѓушев.