Само за дамите : Накит и облека според хороскопскиот знак

Елегантно, спортски или во тренд, многу накит, малку додатоци…откријте каква облека сакаат хороскопските знаци.

Овен– Вие премногу барате и сте многу пребирливи кога е во прашање облеката. Со огнениот темперамент ви одговара црвената боја, а смирувачки ви делуваат виолетовата и црната. Одлично ви стои спортската гардероба, но и вечерните фустани.

Накит: Дијамант, циркон, сафир и рубин се создадени за вашиот знак. Ониксот и опалот најдобро ве смируваат, особено кога имате проблеми со авторитетот.

Бик – За вас важи изреката: малку, но избрано. Во свилено кимоно, под кое имате само долна облека од чипка, вие зрачите со вистински сексипил. Фустаните со цветни дезени и длабоко деколте ја истакнуваат вашата еротична сензуалност. Вашите бои се зелена, смарагдно зелена, розева и светло сина.

Накит: Прстен со смарагд и жад ви носи среќа, особено во љубовта. Кога сте тажни или разочарани ќе ве смират сафирот, тиркизот или аквамаринот.

Близнаци – Вие сакате спортски стил, удобна облека, шорцеви, сандали, лесни сакоа, фармерки, големи шешири. Сивата, сребрената, бледо жолтата и бојата на земја се идеални за вас. Кога сакате малку екстраваганција, вашата гардероба ја надополнувате со впечатлив накит и очила за сонце.

Накит: Носете жолт сафир ако сакате да делувате помладо, а александрит или слонова коска ако сакате да оставите впечаток на сериозна личност. Доколку имате љубовни проблеми ќе ве смират килибарот, топаз, опал, аметист или жад. Избегнувајте бисери, поради чувствителноста.

Рак – Најдобро ви прилегаат елегантните класични кроеви, особено свилените фустани, белата и сите нијанси на сина, бои кои ја нагласуваат вашата женственост, но и приврзаноста за домот и семејството.

Накит: Вистински избор за вас се аквамарин, сафир, бисери и сребро. Горскиот кристал и рубинот ви носат пари и самодоверба, а ве смирува ониксот.

 Лав -Вие сакате да го истакнете тоа што е најдобро кај вас. Најдобро се чувствувате во фустани, сакате да бидете забележани. Ви одговара облека која е атрактивна, квалитетна, во златна, црна, жолта или портокалова боја.

Накит: Златото е вашиот главен и среќен метал, за младите припадници на знакот – дијаманти и циркони, тигрово око и рубин, а накитот кој најмногу го сакате се атрактивните обетки и ланчиња. Слонова коска прошарана со каменчиња ви дава моќ и харизма. За добро расположение носете месечев камен, аквамарин и розев кварц.

 Девица – Секогаш барате квалитетна гардероба, елегантни ташни од кожа, класични Chanel костими и капути обложени со крзно. Одлично ви прилега свила и сатен, особено во темнозелена, петролеј или боја на старо злато.

Накит: Зелен сафир, жад, турмалин, аквамарин, бисери… Овој накит ја враќа изгубената енергија и благотворно делува на вашиот нервен систем.

Вага – Сѐ што ќе облечете мора да биде во служба на вашата „женственост“, па затоа сакате отмена облека, од фини и меки материјали, која ја следи линијата на вашето тело и чевли со високи потпетици. Често сте естравагантно облечени во сред бел ден, сакате шешири и ракавици. Ви одговараат светлите бои, бела, жолта, светло сина, розева, портокалова и светло зелена.

Накит: Светло зелен или светло син турмалин ви даваат самодоверба и во работата и во љубовта. Светло розевиот турмалин, сафир, килибар, циркон и дијамант можат многу да ви помогнат во емоционалните кризи.

 Скорпија – Бордо плишан или мал, црн секси фустан, со реси; мини или долг фустан со шлиц; длабоко деколте, црна чипка – ова се модели во кои се чувствувате потполно свои и заводливи. Покрај црната, омилени ви се и други темни бои, тегет, темно кафена, бордо, темно зелена.

Накит: Црни бисери, хематит, темно црвен турмалин, црвен топаз ќе ви направат да имате доволно самодоверба која и онака не ви недостига. Рубинот и дијамантот ви носат пари. Белиот опал, бисерите и аквамаринот ве смируваат и опуштаат.

Стрелец – Лелеави кроеви и модели, сафари стил, спортка облека во неутрални бои, хипи изглед – овие се карактеристиките за вашиот стил на облекување. Сакате удобна облека и неформални кроеви кои одговараат за секоја прилика и во кои се чувствувате удобно, со големи чанти преку рамото. Тоа доста се разликува од вашата гардероба за вечерните излегувања, елегатните и долгите фустани. Обожавате сино, особено тиркизни нијанси, и боја на песок.

 Накит: Жолт сафир, слонова коска, циркон, жолт опал и смарагд ви носат самодоверба и среќа во патувањата. Тигарското око поволно влијае на вашата финансиска состојба. Ве смируваат сафирот, турмалин, перидот и жадот.

 Јарец – Сакате елегантни комплети, главно со панталони, како и мал црн фустан и големи свилени марами. Кимоното е еден од вашите омилени домашни парчиња облека. Вашите бои се тегет, сребрено-сива, циклама и боја на црно вино.

 Накит: Оникс, тиркиз и гранат добро влијаат на вас, како и рубин, малахит и хематит кои ви помагаат во борбата против стресот. Парите ви ги носат тиркизот, црниот бисер и родонитот. Жад, смарагд и зелен сафир поволно влијаат на вашиот нервен систем.

 Водолија – Вашите омилени дневни облеки се блуза и панталони, најчесто и фармрки, сакате хипи стил со многу дрвени и метални украси, и секако добри чизми. Дообро се чувствувате во облека со сина, зелена, тиркизна и црна боја.

Накит: Најдобро ви одговара накит од аметист, тиркиз, аквамарин и светлосин турмалин. Ониксот ве штити на работа, а виолетовиот сафир ви помага во љубовта. Месечевиот камен, килибар и слоновата коска поволно влијаат на вашите чувствителни нерви.

Риби – Кога бирате или купувате облека, нема да земете ништо што не ве ги задоволува двата основни критериуми: удобност и естетика. Сакате женствен стил на облекување, свилени фустани, плишани комплети, пријатни материјали кои не ја иритираат кожата и убави чевли. Одлично се чувствувате во сите нијанси на сина боја, виолетова и тиркизна.

Накит: Самодоверба ви даваат белите бисери, полудрагиот камен аметист и драгиот камен со сино зелена боја – аквамарин. Ако носите црни бисери, опал и црвен опал, тоа ќе ви влијае на финансиската состојба. Жадот, малахит, аквамарин и килибар, можат да ја ублажат вашата лутина, особено лутината кон партнерот.