![image_31](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/image_31.jpg?resize=640%2C367&ssl=1)
Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон, гласи дел од изјавата на сегашниот премиер Зоран Заев, кој е обвинет во случајот „Поткуп“, кој во својата изјава јавно посочи дека нема намера да присуствува за судските рочиште, но сепак судот за него не одреди никакви мерки.
„Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон. Правосудството е под целосна контрола на Никола Груевски, нема да присуствувам на закажаните судски рочишта, нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка“, истакна Заев на прес-конференција во партиското седиште во 2015 година.
Судските рочишта за овој случај повеќепати беа одложувани поради наводни средби на Заев. Тој е обвинет дека како градоначалник на општина Струмица барал поткуп во висина од речиси 200.000 евра од струмички бизнисмен.
Потоа Заев за да не се појавува на судење користеше цел арсенал банални и на моменти комични оправдувања за да ги избегнува рочиштата. Едно од таквите ќе остане запаметено, а станува збор за изговорот дека имал средба со тогашниот италијански амбасадор и оти затоа не можел да присуствува на рочиштето, а подоцна излезе дека не само што не се сретнал со амбасадорот, туку дека станува збор за средба со негови струмички пријател, кој се преставува за конзул.
Друго провидно оправдување на Заев за одбегнување на правдата и судење, е дека морал да просуствува на седница на Влада која патем ја закажува лично тој и го утврдува терминот на нејзиното одржување.
Следно лажно избегнување да се појави пред судот е дека има некои партиски состаноци и тоа е причината поради која не може да присуствува на судењето. На сето тоа, Судот остана индиферентен, а обвинителството не покрена барање за одземање на пасош.
Во јануари годинава, пак, Специјалното јавно обвинителсво (СЈО) го повлече обвинението во случајот „Пуч“, во кој Зоран Заев беше второобвинет, со што само ги потврува обвинувањата дека работи како инструмент на претседателот на СДСМ инструкции од оние кои ја инсталираа неговата влада.
Од друга страна, пак, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој досега секогаш се појавувал на поканите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и редовен на сите рочишта за судењето за случајот во општината Центар и досега ниту еднаш не ја повреди процедурата, има одлука на Основниот суд за одземање на патната исправа.